Македонска Православна Црковна Општина
Свети Никола
е формирана на 15.04.2008 година во Виена,Австрија.Прв претседател е Гоце Анѓелкоски.
Македонска Православна Црковна Општина
Свети Никола
Почитувани
Македонската Православна Црковна Општина „Свети Никола" - Виена Австрија е формирана на 15 април 2008 година на Основачко собрание во чијашто работа учествуваа: Гоце Анѓелкоски, Илчо Петкоски, Томе Вељаноски, Јован Трајковски, Цветко Кулески и Боби Димитроски.
Основачкото собрание донесе одлука: (1) МПЦО Свети Никола да работи по Уставот на Македонската Православна Црква и во најкус рок да го исполни членот 192 од Уставот на МПЦ, (2) На свештеното лице да му биде обезбедено сместување и плата од МПЦО Свети Никола и од Австриската држава ќе зема плата за предавање по религија за македонските православни деца, (3) Во црковниот одбор на МПЦО Свети Никола да членуваат само македонски православни верници кои се крстени и живеат фамилијарен живот, односно во целост да ги исполнуваат одредбите од членовите 122 и 123 од Уставот на МПЦ, (4) Македонските православни црковни празници да се прославуваат со богослужби само на денот предвиден воМакедонскиот православен црковен календар, а секоја недела во црквата да има богослужби, (5) По повод црковните празници а може и во друг ден, да има забава со музика, (6) Лицитацијата за црковни празници да се спроведува традиционално како и во другите македонски православни цркви без повлекување на лицитираните предмети/добра, (7) Во свеќарниците се става песок/вода за самостојно гасење на свеќите, (8) Собирањето на пари за изградба на Македонска Православна Црква во стил на постоечките старо македонски цркви ширум Македонија, да се одвива само преку своја сметка и доброволен прилог а од забавите да се финансираат другите трошоци и да има посебна сметка, (9) На денот од Македонската Православна Црковна Општина Свети Никола да се дава топол оброк и пијалок, (10) Доколку има проблеми со регистрацијата на МПЦО Свети Никола да се собираат потписи за поддршка од македонските православни верници во Австрија, без разлика на нивното државјанство.
МПЦО Свети Никола има за цел да му се стави крај на предолгото и неизвесно чекање и незаинтересираноста од страна на Културното Друштво Свети Наум Охридски во Виена (кое незаконски пред народот се претставува како Црковна Општина), за да биде регистрирана МПЦво Австрија, како што сите други Православни Цркви во Австрија се регистрирани по закон. На тој начин сакаме да овозможиме насекаде ширум Австрија, каде што живеат македонски православни верници, да се изградат цркви односно непречено да се формираат македонски православни црковни општини. Св.Никола активно ќе работи на исполнување на зацртаните цели и задачи за доброто на нашата Света Македонска Православна Црква и нашатаМакедонија.
Господ Исус Христос и нашиот светец Свети Никола да ни се напомош!
Од Св.Никола
hinzufügen eines Heilige Nikola Makedonische Свети Никола Виена-stadtplans zu ihrer webseite;
Wir verwenden Cookies und andere Tracking-Technologien, um Ihr Surferlebnis auf unserer Website zu verbessern, Ihnen personalisierte Inhalte und gezielte Anzeigen anzuzeigen, unseren Website-Verkehr zu analysieren und zu verstehen, woher unsere Besucher kommen. Datenschutz-Bestimmungen